Дома Настани Официјално прогласени спортистите за 2009
Официјално прогласени спортистите за 2009
Петок, 15 Јануари 2010 10:54

sportist-na-godinata-14012010-1На свеченоста во мотел-ресторанот Ваго, синоќа и официјално беа доделени признанијата на најуспешните спортисти и спортски колективи за 2009.

Најдобар спортист за 2009 е борачот Дејан Богданов, додека второто место му припадна на боксерот Димитар Ташков. Третопласиран беше фудбалерот Томислав Блажевски.

Беа доделени и 4 плакети за посебниsportist-na-godinata-14012010-5 заслуги за спортот а добитници беа: Градоначалникот д-р Зоран Алексов, д-р Сашко Кедев за искачувањето на Монт Еверест, Симеон Балабанов и Аеро Клубот од Штип за 85-годишниот јубилеј. Најуспешен клуб во 2009 е БК Балканец. Најуспешна младинска екипа е РК Текстилец а пионерска екипа БК Балканец.

sportist-na-godinata-14012010-12Од другите наградени би ги издвоиле: најуспешен млад пионер е прогалсен ракометарот Роберт Мицов а најуспешни спортски работници се Дејан Зафиров од аеро клубот, Ване Костадинов (ФК Брегалница), Стојанче Саздов (ОФС), Марјан Атанасов (борење), Ванчо Санев (одбојка), Влатко Доневски (кошарка), Зоран Јованов (ракомет), Благој Донев (бокс) и Владимир Черкезов (карате). За спортски подвиг на годината, посебно признание доби Дејан Зафиров за патувањето со велосипед од Штип до Ница (Франција).

Тренер на годината во категроијата младинциsportist-na-godinata-14012010-13 е Павле Тодоров (ракомет) и Дејан Величков (ракомет). За судија на годината е прогласен Никола Мицевски (одбојка) и Трајан Коцев (бокс) а селектори на годината се: Кире Патраклиев (карате), Петар Чурлинов (бокс) и Благој Тасев (одбојка).

Изборот на спортист на 2009 заеднички го направија Општина Штип и Сојузот на спортови во соработка со спортските редакции на медиумите во Штип.

Повеќе слики од прогласувањето на најдобрите спортисти во Штип за 2009 година можете да видите во галеријата.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер