Дома Настани Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев
Четврток, 04 Февруари 2010 14:21

138-godini-goce-delcev-04022010-1Општина Штип денес достојно ја одбележа 138-годишнината од раѓањето на идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев.

Прво во црквата Света Богородица беше одржана панахида во чест на револуционерот. Панахидата ја одржа Митрополитот Брегалнички г.Иларион.

Потоа пред рељефот на Гоце Делчев на подрачното училиште во Ново Село кое е во фаза на реновирање и во кое своевремено учителствувал самиот Делчев, пригодна реч одржа претставник на штипскиот универзитет. 138-godini-goce-delcev-04022010-2Потоа беа положение свежи букети цвеќиња. Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов придружуван од советници положи свежо цвеќе а тоа го сторија и градоначалникот на Карбинци, Васил Богдански, делегација од Универзитетот „Гоце Делчев“ со деканот на педагошкиот факултет Кирил Цацков, потоа од НУ Библиотека „Гоце Делчев“ и други. По завршувањето на рециталот на учениците од ОУ „Гоце Делчев“, делегациите положија свежо цвеќе и пред спомен-бистата на револуцонерот Делчев во кампус 2 на УГД (Педагошки факултет).

Одбележувањето заврши со промоција на монографијата: „Од читалиште до национална установа“, посветена на дејноста на библиотеката „Гоце Делчев“.

138-godini-goce-delcev-04022010-3 138-godini-goce-delcev-04022010-4 138-godini-goce-delcev-04022010-5 138-godini-goce-delcev-04022010-6

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер