Дома Настани Финални активности околу уредување на коритото на Отиња
Финални активности околу уредување на коритото на Отиња
Понеделник, 08 Февруари 2010 14:14

parking-otinja-gradonacalnik-08022010Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес одржа прес конференција на која уште еднаш ги образложи активностите околу капиталниот проект: изградба на паркинг платформи и уредување на корито на река Отиња.
Меѓу другото, градоначалникот Алексов пред присутните новинари од локалните и националните медиуми ја претстави документацијата која минатата недела е доставена до Министерството за финансии.

Според него, по одобрување на проектот parking-tip-08022010-1ќе следи аплицирање до Светска банка по што ќе се чека на евентуална одлука за одобрување на кредитот.

Доколку се протече во ред, веќе во април може да се распишат тендерите за изведувачите на градежните активности.

Тој повтори дека Општина Штип не располага со средства за да може самостојно да го започне проектот заради што се бара странски кредит, но напомена дека со наплаќањето на паркинзите на платформите,па и пошироко низ центарот на Штип, ќе се обезбедат извори за покривање на кредитот.

Ова е еден од капиталните проекти но тој веќе размислува за идните чекори. Според Алексов, во петокот со претставници од Скопје била разгледана новата сообраќајна студија за улицата „Ванчо Прќе“ со која се предвидува подземен премин а горниот дел да се претвори во пешачка патека. Изразено е позитвно мислење за овој сообраќаен предлог за улицата „Ванчо Прќе“.

parking-tip-08022010-2parking-tip-08022010-3parking-tip-08022010-4parking-tip-08022010-5

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер