| Ниту расипаниот велосипед, ниту земјотресот не можат да го спречат |
| Понеделник, 01 Март 2010 12:44 | |||
|
Сепак, бројот на километрите кои штипјанецот Дејан Зафиров ги поминува како дел од неговиот маратон Јужна Америка 2010 се зголемува. Денес се очекува да продолжи со рутата и според планираното, на 4-ти март да влезе на територија на Чиле. Ниту земјотресот кој се случи не може да го попречи во остварувањето на целта. - Продолжуваме полека кон Запала. Од Нејкуин до Запала има околу 184 километри, тоа е на пат кон граничен премин и влез во Чиле, ама веќе е планински терен. Би требало да влезе во Чиле на 4-ти март, со надеж исто така дека и работите со земјотресот ќе бидат нормализирани. - вели неговата придружничка Билјана Клекачкоска.
Сега му претстои потешкиот дел од велосипедскиот маратон, бидејќи ќе се движи северно кон финалната цел Мендоза, а пред себе има планиснки превој кој треба да се помине. Само за потсетување, маратонот има околу 4000 километри За комплетирање на проектот, Зафиров и понатаму има потреба од финансиска поддршка заради што се апелира сите заинтересирани субјекти доколку се во можност да го подржат проектот со издвојување на средства на ж-сметка: Здружение на граѓани ГАИА: т-ска: 300000003019355 а.д. Комерцијална банка-Скопје
|