| 67 години од депортацијата на Евреите |
| Среда, 10 Март 2010 13:50 | |||
|
Претставници од еврејската заедница и израелскиот амбасадор, г. Давид Коен, во 10ч. во Општината остварија средба со претседателката на Советот, Сузана Николовска.
По приемот со пригодни говори во Сала 1 настапија повеќе релевантни лица, како и ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и од СОУ „Славчо Стојменски“. Положувањето на свежо цвеќе, збогатено со пригодна реч се случи на Споменикот на пожртвуваните Евреи од фашистичкиот терор.
|