| Градоначалникот на Штип избран за најпријателски ромски градоначалник |
| Понеделник, 15 Март 2010 15:33 | |||
|
НВО РРОМА изминатиот месец ги посетуваше општините низ Македонија а посебно во регионот со цел утврдување на замислите, идеите и активностите на градоначалниците во поглед на остварување на правата на ромите и нивна интеграција во општеството. Во конкуренција беа 6 градоначалници од регионот. Градоначалникот на Штип, од максимални 36 поени, добил 34 од страна на стручната комисија која ги оценувала апликациите. Како што беше посочено, апликацијата Градоначалникот д-р Алексов на 7 април 2010 ќе патува на вториот европски ромски самит кој ќе се одржи на светскиот ден на Ромите во Кордоба (Шпанија). Тој ќе биде претставник на Македонија и на самитот ќе зборува за решавање на ромските проблеми не само на локално, туку и на државно ниво.
|