| Почнаа подготовките за Макфест 2010 |
| Четврток, 18 Март 2010 12:52 | |||
|
Сите тие позитивно одговорија на поканата на градоначалникот, како автори кои дале свој белег на Макфест да се вклучат во организирањето на 25-тото јубилејно издание на Макфест и да дадат свој авторски придонес во негово одбележување. Беа разгледани можните сценарија за организациониот формат на Макфест 2010 година. Беа претставени неколку идеи како концепти за Макфест 2010 при што оставено е сето тоа директорот на фестивалот Стојан Троицки со уметничкиот директор Кристијан Габроски да го допрецизираат по што би се тргнало во реализација. Сите присутни застанаа зад идејата дека фестивалот би требало да има 3 вечери, од кои една би била со натпреварувачки карактер со млади надежи, друга вечер да има ревијален карактер со познати ѕвезди а третата и најважната, доколку концептот успее би била големо изненадување за посетителите и за љубителите на Макфест. Сите предлози се ставени на хартија така што овие денови ќе се знаат правците за организирањето на Макфест 2010. Значи станува збор за идеја која допрва треба да ја добие својата финална верзија, во зависност од можноста да се исполнат неколку важни услови. Како што истакнаа сите присустни, Макфест е можеби најважното име во светот на поп музиката во Македонија а јубилејот 25 години дава основа фестивалот да се реализира максимално успешно.
|