Дома Настани Турбуленции на маратонот на Дејан Зафиров
Турбуленции на маратонот на Дејан Зафиров
Петок, 19 Март 2010 13:39

dejan_zafirov-argentina-19032010-1Учествувале во сообраќајна несреќа - Поминале без повреди

На Клекачкоска (сопатничката на Зафиров) украден пасошот!!

Дејан не размислува за откажување!!

На само десетина дена пред заминување од Јужна Америка, штипјанецот Дејан Зафиров и неговата сопатничка Билјана Клекачкоска се соочуваат со нови предизвици.

Пред неколку дена, Зафиров и сопатничката биле вовлечени dejan_zafirov-argentina-19032010-2во сообраќајна несреќа во која учествувале три други возила (комбе, автомобил и камион). За среќа, двајцата поминале без повреди. Со оглед на тоа што станува збор за рент а кар возило, осигурувањето ќе ја плати штетата, а по полицискиот увид било утврдено дека тие немаат вина во сообраќајната несреќа.

Но тоа не било доволно за авантурите од ваков тип да завршат. Кога се вратиле во хотелот, увиделе дека доживеале грабеж! Украдена им е дел од опремата, пари, кредитната картичка и најважно од сѐ, пасошот на Клекачкоска.

Овие денови таа е во контакт со македонската амбасада во Вашингтон околу издавање на времена патна исправа, но комуникацијата оди потешко заради што од страна на Општина Штип беше испратено писмо до македонската амбасада во Вашингтон за помош, бидејќи првичните информации говорат дека времениот пасош нема да биде издаден до 25-ти март. Тогаш Зафиров и Клекачкоска треба да бидат во авион на пат до Македонија.

dejan_zafirov-argentina-19032010-3Средствата исто така се пред крај, што дополнително им го отежнува крајот на патувањето па презедена е акција за пронаоѓање на нови спонзори кои сакаат да помогнат. Градоначалникот на Штип повторно помогна со лично  свои средства на приватната сметката на Зафиров.

Инаку Зафиров моментално е во градот Колон во Аргентина со извозени 302 километри оваа недела. Со тоа се приближува на бројката од 2400 поминати километри и е на пат кон финалната дестинација Кордоба на север. Според планот, планира уште 500 километри до заминување со што ќе заокружи околу 3000 поминати километри на велосипед во Аргентина.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер