| Крводарителска акција во општина Штип - Надминати ланските 145 крвни единици |
| Петок, 19 Март 2010 16:18 | |||
|
Во акцијата за дарување на крв организирана од страна на општина Штип учествуваа дел од вработените, дел од советниците, студенти, ученици и бројни граѓани. Крв даруваше и градоначалникот д-р Зоран Алексов. Неговата идеја е на секои 6 месеци да се случува по една акција. Претходно тој даруваше крв и во акцијата организирана во септември минатата година. За ваквите хумани активности, Црвениот крст - Штип додели признание на општината.
|