|
Вторник, 06 Април 2010 09:06 |
|
Прогонетите Македонци од Егејска Македонија се собраа на традиционалната средба во селото Брест. По 16-ти пат, прогонети Македонци од сите страни се дружеа и дебатираа за своите права, за минатото и за спомените.
Претседателот на здружението Македонски Егеј, Стојан Димков изјави дека идната година очекува победа во битката за остварување на правата за враќање на имотите одземени од Грција. Подршката ја црпи од резолуцијата на Советот на Европа со која се бара од Грција да го признае македонското малцинство и да ги врати имотите. Околу 8500 барања се поднесени за враќање на имотите на Македонците протерани од Грција.
|