| ФК Брегалница 2008 се врати на втората позиција |
| Вторник, 06 Април 2010 09:12 | |||
|
Лидерот на табелата Шкендија ремизираше со екипата на ФК Скопје со 1:1. Со тоа, штипските сини се вратија на второто место на табелата. Во моментов, ФК Брегалница има 42 бодови или само 3 помалку од актуелниот лидер на табелата, Шкендија која има 45. Според билтенот на натпревари на ФФМ, идното 20-то коло кое ќе се одигра во сабота 10 април, ФК Брегалница 2008 ѝ гостува на Дрита а првакот Шкендија е домаќин на Влазними Трим Лум.
|