| ФК Брегалница 2008 одигра нерешено во Скопје |
| Понеделник, 19 Април 2010 11:44 | |||
|
Средбата заврши нерешено со резултат 0:0. Двете екипи си ги поделија бодовите додека лидерот на табелата Шкендија на гости ја победи екипата на Локомотива со 2:1. Шкендија останува на врвот со 51 бод а екипата на Скопје е втора со со 45 бодови додека штипска Брегалница останува трета со 45 бода. Идната сабота, 24 април, Брегалница е домаќин на Влазними Трим Лум, лидерот на табелата Шкендија го пречекува Напредок додека второпласираниот Скопје и гостува на Дрита. Средбите ќе се играат со почеток во 16:00 часот.
|