| ФК Брегалница 2008 ја совлада Локомотива со 1:0 |
| Понеделник, 03 Мај 2010 14:41 | |||
|
ФК Брегалница 2008 ја совлада екипата на Локомотива во гости со 1:0 додека лидерот на табелата, ФК Шкендија на гостински терен е совладана од 11 Октомври со 0:1. Второпласираниот Скопје ја совлада во гости екипата на Влазними Трим Лум со 2:0. Со тоа нема промена на распоредот на трите врвни позиции на табелата. По одиграните средби од 23-тото коло на табелата и понатаму е екипата на Шкендија со 54 бодови, зад неа е Скопје со 51 а трета останува Штипска Брегалница со бод помалку односно 50. Идното 24-то коло, сабота 8-ми мај, ФК Брегалница 2008 е домаќин на Напредок, Шкендија го пречекува Новаци 2005 додека Скопје игра на домашен терен против Локомотива. За директен влез на Брегалница во првата лига пресудна е средбата Напредок и Скопје каде во случај на пораз или нерешен резултат за второпласираниот Скопје, штипските сини ќе обезбедат влез во првата лига.
|