|
Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов одржа работна средба со претставници на Инвал Македонија. На средбата присуствуваа околу 10-тина експерти од областа на обновливата енергија и воедно претставници на странски фирми. Меѓу поважните беа репрезентите на Косеп и на Самсунг:
- Boo Moon Chul (Kosep/General Officer/ Renewable energy team)
- Choi Sang Hyun (Kosep/Deputy general manager)
- Kim Kbi Ye Seok (Samsung Heavy Industry)
- Chung Kang Won (Big Bird International)
- Lee june Young (Samsung)
- Jordi Moliner Mariano (Invall Green Energy) и други учесници на средбата.
Меѓу темите за кои се разговараше беа, општ поглед и локација на проектот фарма на ветерници во Штип, потоа планот за поддршка на проектот како и потенцијалот за искористување на работната сила.
Претставникот на Инвал групацијата, Џорди Молинер Маријано изјави дека сите институции во Македонија имаат позитивен пристап и прават сѐ што е во нивните напори за да обезбедат конструкција на поле на ветерници во Штип. Доколку се обезбедат сите дозволи до крајот на годината, веќе од 2011 може да се почне со поставување на првите две од познатите 4 типа на ветерници. Тие заеднички би биле со моќ од 100 мегавати а вкупната инвестиција би чинела околу 140 милиони евра. Ветерниците би биле ставени во погон во 2012 година.
Како што изјави и градоначалникот Алексов, најважно е што работите се движат и што конкретно има ситуација за отпочнување на практичната работа.
 
|