Дома Настани Во напната атмосфера ФК Брегалница 2008 загуби од Напредок со 2:3
Во напната атмосфера ФК Брегалница 2008 загуби од Напредок со 2:3
Понеделник, 10 Мај 2010 09:48

fk_bregalnica_2008_resizeВо сабота, 8-ми мај ФК Брегалница 2008 на домашен терен беше поразена од екипата на Напредок. По водството на Напредок од 2:0, штипјани успеаја да се консолидираат и да го израмнат резултатот. Но на самиот финиш, по досудениот пенал и исклучувањето на голманот на домашните, Напредок успеа да ја искористи шансата и да постигне гол со што финалниот скор беше 3 гола во мрежата на ФК Брегалница 2008.

Натпреварот помина во тензична атмосфера а досудениот пенал на истекот од второто полувреме фрли дамка на севкупниот натпревар.

Лидерот на табелата, ФК Скопје на домашен терен ја совлада екипата на Локомотива со 2:0 додека второпласиранат Шкендија останува на истата позиција по победата над Новаци 2005 со 5:0. Првопласираниот Скопје сега има 54 бодови, Шкендија има 51 додека Штипска Брегалница бод помалку односно 50.

Идното 25-то коло, ФК Брегалница 2008 има тежок натпревар во гости против екипата на 11-ти Октомври, додека лидерот на табелата Скопје му гостува на Напредок. Второпласираната Шкендија пак оди во Струмица каде ќе ги пречека Беласица.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy  and  Windy Mostly Sunny Showers
20°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер