Дома Настани Одржана јавна расправа по Студија за интерконективен 400 KV далекувод Штип – Ниш
Одржана јавна расправа по Студија за интерконективен 400 KV далекувод Штип – Ниш
Среда, 12 Мај 2010 10:29

studija-dalekuvod-stip-nish-12052010-1Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со МЕПСО (Македонски електро преносен систем оператор) вчера пред граѓаните и претставниците на локалната самоуправа ja претставија студијата за оцена на влијание врз животната средина за изградба на далекувод во рамките на проектот “Изградба на интерконективен 400 KV  далекувод ТС Штип (Македонија) - ТС Ниш (Србија)”.

Иако истата е достапна за увид и на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) претставниците на МЕПСО вчера ги претставија своите истражувања во врска со обезбедување на еколошки предуслови при утврдувањето на далекуводот.

Пред претставниците на ЈП Исар, на одделениетоstudija-dalekuvod-stip-nish-12052010-2 за комунални дејности и еколошкиот инспекторат беше претставен документот во кој детално се посочени насоките за заштита на флората и фауната. Станува збор за студија која ја подготвиле проф. д-р Владо Матевски, Бранко Мицевски и м-р Константин Сидеровски а која се однесува на билошката разновидност.

studija-dalekuvod-stip-nish-12052010-3Во поглед на заштитата на флората беше напоменато дека на потегот на кој ќе се конструира далноводот евидентирани се 250 растителни таксони кои влегуваат во состав на разни растителни заедници како и одредени ендемични видови.

Што се однесува до фауната, напоменато е дека се регистрирани најчесто птици кои можат да бидат подложени на негативни ефекти при конструкција на далноводот, заради што се бара заштита на гнезадата на загрозени грабливи птици  и на водните живеалишта во самиот коридор или во растојание од 3 километри.

Во документот се содржани и препораки како да не се загрозат флората и фауната во овие подрачја при изградбата на далноводот со цел заштита на севкупната животна средина.

studija-dalekuvod-stip-nish-12052010-4studija-dalekuvod-stip-nish-12052010-5

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy  and  Windy Mostly Sunny Showers
20°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер