|
Понеделник, 17 Мај 2010 22:42 |
|
ФК Брегалница 2008 во рмаките на 25-тото коло од втората фудбалска лига одигра нерешено 0:0 против екипата на 11 Октомври во Прилеп. Со оглед на поразот на Скопје од екипата на Напредок од 3:2 и победата на Шкендија на гостувањето во Струмица против Беласица од 2:0, променета е состојбата на врвот.
Шкендија и Скопје имаат по 54 бодови но сепак челната позиција и припаѓа на Шкендија заради подобрите резултати и гол разлика додека третата позиција ја делат Брегалница 2008 и Напредок со 51 бод. Заради подобрата гол разлика, екипата на Напредок влегува во првата фудбалска лига додека штипска Брегалница својата среќа ќе ја бара во бараж средбата на крајот на мај против екипата на Милано.
|