|
Петок, 28 Мај 2010 17:00 |
|
Во мултимедијалниот центар на Економскиот факултет пrи Универзитетот Гоце Делчев со почеток во 21:00 часот бeше отворен вториот по ред Астибо џез фестивал. Првата вечер честа да го отворат фестивалот ја имаа Гоце Мицанов, Александар Секуловски, Иван Бејков и Балкан џез колектив.
По 23:00 часот во домот на младите следуваше џејм сејшан. Настапите поминаа со солидна посетеност што покажува дека музички Штип има интерес за џезот. За време на викендот, во преостанатите два дена предвидени се настапи на уште десетина музички имиња од кои посебно се издвојуваат Теодосиј Спасов, Костас Теодору, Александар Секуловски, Тони Китановски и Александар Петров (петок) со дополнителен настап на џез анснблот на ФМУ-УГД и Адријана Мицова. Во сабота пак меѓи најпопуларните имиња е Васил Хаџиманов син на познатиот Зафир Хаџиманов.
За фестивалот средства издвои и локалната самоуправа а генерален покровител е Макпромет-Штип. Медиумски настанот го подржаа Канал 5, Алфа ТВ, ТВ Стар, Ирис ТВ и УГД ФМ кој ќе врши пренос од настапите на учесниците.
|