| Делегација од Општината во посета на Каварна - Бугарија |
| Вторник, 01 Јуни 2010 12:22 | |||
|
Како најважен дел од спроведените средби и разговори со градоначалникот и раководителот на одделението за Евроинтеграции на општина Каварна, била размената на искуства за функционирањето и работата на двете општини а пред се аплицирањето на проекти. Важно е искуството за имплементација на веќе одобрените проекти од европските фондови и програми, како и разгледување на можности за заедничко аплицирање на некој од европските програми. Се очекува по оваа посета на штипјани да се потпише договор за соработка помеѓу градоначалниците за почеток на правна постапка за збратимување на двете општини. Тоа е потребно како предуслов за алицирање на проекти во некој од европските програми. Интерес постои и што е најважно реални се шансите за добивање на проект од европските фондови.
|