Дома Настани ЛЕР тим на општина Штип - За една година обезбедени над 3.1 милиони евра
ЛЕР тим на општина Штип - За една година обезбедени над 3.1 милиони евра
Вторник, 01 Јуни 2010 12:27

evraОдделението за локален економски развој при Општина Штип во текот на изминатата година преку проекти успеало да внесе инвестиции во Штип во висина од околу 3.1 милиони евра.
Според анализите, станува збор за грантови, кредити или придобивки од проекти од јавен карактер кои влегле во Штип од мај 2009 до мај 2010.

Најголема ставка отпаѓа на кредитот од Светска банка во висина од 2 милиони евра кој по прифаќање на гаранциите од страна на Македонската Влада сега останува само да се одобрат парите од ова странска институција. Околу 800.000 евра отпаѓаат на проектот за јавно осветлување кој е во тендерска постапка кој ќе се случи преку инвестици на заинтересирани фими.

Од друга страна, околу 300.000 евра се средства Opstina_Zgradaреализирани од грантови. Тука би ги споменале заедничкиот проект преку УНДП на Општина Штип и Карбинци за евиденција на дивоградбите чија вредност е 20.000 евра. Преку Норвешката Влада добиени се 25.000 евра за проектот ЕНСИ за енергетска ефикасност кој опфаќа софтвер, обука и изготвување на 5-годишна нацрт стратегија. Овој документ за енергетска ефикасност веќе е изготвен.

Тука влегуваат и 30.000 евра за конструкција на училницата за деца со аутизам при ОУ Ванчо Прке и околу 40.000 евра (2.5 милиона денари) одобрени од Министерството за Образование за тековни активности во веќе споменатото училиште.

Меѓу покрупните проекти секако се и 3 милиона денари кои ги доби Штип за реконструкција на улицата Косовска (2 милиона денари) и на улицата Широк дол (1 милион денари).

Од Владата на Македонија за чистење на коритото на река Брегалница беа добиени 2 милиона денари а по основ на проекти за јавни работи одобрени се 5.5 милиони денари.

Инаку само во текот на јуни се очекуваат одговори за 6 интересни проекти од кои 3 се во соработка со Бугарски општини. Апликациската вредност само на овие проекти е околу 800.000 евра и тие се надвор од оваа сума за изминатата година. Лани биле поднесени над 70 проекти, од кои значителен дел чекаат на одговор во текот на следните 3-4 месеци.

Согласно оваа анализа, може слободно да се каже дека Штип е меѓу врвните општини не само на истокот туку и воопшто во Македонија по бројот на поднесени и одобрени проекти.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy  and  Windy Mostly Sunny Showers
20°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер