Дома Настани Градоначалникот на Штип на регионална конференција во Црна Гора
Градоначалникот на Штип на регионална конференција во Црна Гора
Среда, 02 Јуни 2010 15:16

budvaГрадоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов отпатува за Црна Гора. Во Будва од 3 до 4 јуни ќе се одржи регионална конференција за добро управување, етика и транспарентност на локално ниво.

На конференцијата која меѓу другото ќе се задржи на практиките кои општините ги користат во комуникација со медиумите и граѓаните, предвидено е Градоначалникот Алексов да има презентација на облиците на комуникација со новинарите. При тоа акцент ќе биде ставен на дневниот електронски билтен кој Општина Штип започна да го испраќа по електронски пат до новинарите од август минатата година. Од страна на ЗЕЛС, овој тип на комуникација е оценет како еден од најтранспарентните во Македонија што е причина истиот да биде претставен во регионални рамки.

Учесниците на регионланата конференција ќе разменат искуства околу резултатите од практиките кои водат до поголема транспарентност како и идни планови кои одат во оваа насока.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy  and  Windy Mostly Sunny Showers
20°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер