|
Четврток, 03 Јуни 2010 13:21 |
|
Одделениеот за локален економски развој при Општина Штип во вторник (8-ми јуни 2010) со почеток во 18:00 часот ќе одржи јавна трибина посветена на утврдување на приоритетен проект од неколку можни за аплицирање пред странски инстиуции.
На граѓаните кои се повикуваат да присуствуваат на јавната трибина ќе бидат понудени три предлог-проекти:
- Проширување и реконструкција на водоводната и канализациона дистрибутивна мрежа во Општина Штип;
- Реконструкција на фабриката за преработка на вода за пиење, технолошка линија за преработка на површинска вода;
- Изградба на резервоар во населбата Пребег и транзитна линија 2.
Јавната трибина ќе се одржи во големата сала на Советот на Општина Штип.
|