|
Петок, 04 Јуни 2010 21:26 |
|
Детската градинка Астибо одбележа 30 години од своето постоење. Согласно програмата за одбележување, три главни настани доминираа. Во 10:30 часот беше отворена изложба од вработените насловена „На децата со љубов„. На изложбата бе апонудени над 20-тина дела изработени во различна техника, кои ги воодушевија посетителите заради инвентивноста и досетливоста.
Во 11:00 часот започна свечената приредба „Светот на дланка„. Салата на домот на културата беше претесна да ги прими сите заинтересирани. Децата од оваа градинка со своите три клона направи вистински спектакал за посетителите. Основа на свечената приредба беа игрите и националните танци на над 10-тина земји од светот. Облечени како каубојци децата играа и ги претставуваа САД, потоа на звуците од Казачок ја портретираа Русија, Индија, Јапонија, Австрија, Аргентина и други држави, за на крај да завршат со Македонија.
Во 12:30 часот беше промовирана монографија.
ОЈУДГ Астибо е отворена на 15.09.1980 како дел од модната конфекција Астибо. Од 1-ви јануари 1998 проширени се капацитетите со уште три објекти и тоа ДГ Цветови во УЗ 8-ми ноември, ДГ Сончогледи во Сењак и ДГ Бамби во УЗ Баби.
           
|