Дома Настани Штип беше домаќин на манифестацијата „Македонски бисер 2010“
Штип беше домаќин на манифестацијата „Македонски бисер 2010“
Понеделник, 07 Јуни 2010 10:37

makedonski_biser_2010-borenje-05062010-1За време на викендот Штип беше домаќин на 34-тиот меѓународен турнир во борење слободен стил „Македонски бисер“.

Активностите започнаа во петокот со техничка конференција и семинар за судии по што учесниците беа подложени на лекарска контрола и мерење.

Клучните натпревари се одиграа во сабота претпладне со елиминационите натпревари а финалните борби се одиграа по 18 часот.

Трофејот годинава замина во рацете на Дејан Богданов, борач на БК Балканец. Тој во категоријата до 84кг ги тушираше сите противници а во финалето го порази бугарскиот олимпиец Владимир Петков. На турнирот учествуваа борачи од 9 држави.

Претходно на свеченото отворање на кое присисуствуваа клучните личности од светот на борењето, градоначалникот на Штип одржа говор посветен на 34-тиот боречки турнир Македонски бисер.

Тој напомена дека одржувањето на турнирот makedonski_biser_2010-borenje-05062010-2се случува во вистинско време со оглед на тоа што паралелно со натпреварот БК Балканец од Штип го одбележа 50-годишниот јубилеј. За активностите во промоција и подршка на борењето во Штип, Советот и Градоначалникот добија медали и признанија. Наградите ги примија претседателката на Советот, Сузана Николовска и градоначалникот д-р Зоран Алексов.

Инаку организатор на манифестацијата беше Федерацијата на боречки спортови на Македонија а технички организатор БК Балканец 2008. Со-организатори беа Општина Штип, Агенција за млади и спорт, МОК и Сојуз на спортски федерации на Македонија.

makedonski_biser_2010-borenje-05062010-3makedonski_biser_2010-borenje-05062010-4makedonski_biser_2010-borenje-05062010-5makedonski_biser_2010-borenje-05062010-6makedonski_biser_2010-borenje-05062010-7makedonski_biser_2010-borenje-05062010-8makedonski_biser_2010-borenje-05062010-9makedonski_biser_2010-borenje-05062010-10makedonski_biser_2010-borenje-05062010-11makedonski_biser_2010-borenje-05062010-12makedonski_biser_2010-borenje-05062010-13makedonski_biser_2010-borenje-05062010-14

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy  and  Windy Mostly Sunny Showers
20°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер