|
Понеделник, 21 Јуни 2010 14:28 |
|
Центарот за развој на источниот плански регион во соработка со ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Македонија организира работилницата на тема „Регионален маркетинг„.
Работилницата се одржува во хотелот Оаза во Штип и ќе заврши во среда, 23 јуни со утврдување на брендови преку кои истокот може да се претстави да креира стратегија за регионален маркетинг.
Целта на работилницата е запознавање со основите на регионален маркетинг, позитивни искуства од земји од ЕУ како и креирање на концепт за промоција на источниот (Брегалнички) регион. На работилницата присуствуваат претставници на општини од регионот, економски и правни експерти кои треба да стекнат искуства и знаења за регионална промоција на источниот или брегалничкиот регион.
Работилницата ја отвори градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој истакна дека источниот регион мора да утврди производи кои ќе станат препознатлив бренд на овој регион со цел вложување во нивна промоција и креирање на успешна промотивно-туристичка перспектива за избраните производи.
На работилницата се застапени тројца модератори од кои еден од Германија и еден од Хрватска. Тие треба да помогнат во теоретската едукација но и практично околу пренесување на позитивните искуства од земјите на ЕУ со посебен осврт на Хрватска. Предвидена е посета и на археолошкиот локалитет Баргала како еден од локалитетите кои можат да бидат бренд-обележје на регионалениот маркетинг.
  
|