|
Четврток, 24 Јуни 2010 13:37 |
|
Центарот за развој на источниот плански регион во соработка со ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Македонија вчера ја заврши тридневната работилницата на тема „Регионален маркетинг„.
Работилницата која почна во понеделник и се одржа во хотелот Оаза во Штип заврши со утврдување на можни брендови преку кои истокот може да се претстави пошироко и да креира стратегија за регионален маркетинг. Освен тоа, околу 20-тина учесници од повеќе општини дејствувајчи во групи креираа концепти и планови за промоција на регионот преку повеќе алатки од типот на: креирање на регионална веб страничка, мапи, брошури и флаери.
Целта на работилницата покрај ова беше и запознавање со основите на регионален маркетинг и пренесување на позитивни искуства од земји од ЕУ. Работилницата ја водеа тројца модератори од кои еден од Германија и еден од Хрватска.
 
|