Дома Настани Доделени благодарници за еколошката акција „Еко пролет 2010“
Доделени благодарници за еколошката акција „Еко пролет 2010“
Петок, 25 Јуни 2010 14:17

eko_blagodarnici-25062010-1Денес во Oпштина Штип беа доделени благодарници на учесниците во еколошката акција „Еко-пролет“. Благодарници добија претставници на урбаните заедници кои заеднички со претставници на локалната самоуправа претходните два месеци учествуваа во еко-акциите за остранување на цврстиот комунален отпад, потоа ЈП „Исар“, дел од штипските медиуми и други субјекти.

Како што е познато, во организацијаeko_blagodarnici-25062010-2 на Општина Штип и во соработка со ЈП„Исар” - Штип и оваа година се одржа еколошката акција „ЕКО-ПРОЛЕТ 2010“  за собирање на цврстиот комунален отпад во сите урбани заедници во нашата општина. Акцијата започна на 23.03.2010 година со координација на претседателите на УЗ и беа договорени сите термини за одржување на еколошката акција во сите УЗ по следниов редослед:

28.03.2010 - (УЗ - Ново Село),

10.04.2010 - (УЗ - Тошо Арсов),

10.04.2010 - (УЗ - Славчо Стојменски),eko_blagodarnici-25062010-4

18.04.2010 - (УЗ - 8-ми Ноември),

18.04.2010 - (УЗ - Автокоманда),

08.05.2010 - (УЗ - Железничка),

09.05.2010 - (УЗ - Пребег),

16.05.2010 - (УЗ - Дузлак),

25.05.2010 - (УЗ - Три Чечми),

29-30.05.2010 - (УЗ - Балканска),

29.05.2010 - (УЗ - Македонка),

29.05.2010 - (УЗ - Чардаклија),

30.05.2010 - (УЗ - Стар Караорман),

05.06.2010 - (УЗ - Сењак),

05.06.2010 - (УЗ - Баби),

05.06.2010 - (УЗ - Брегалница)

12.06.2010 - (УЗ - Васил Доганџиски),

eko_blagodarnici-25062010-3Целата оваа акција се покажа како успешна бидејќи се собраа околу 30 трактори на комунален отпад, од што може да се каже дека граѓаните кои беа присутни на оваа акција го дадоа својот придонес за почиста околина, како што беше и мотото на самата акција – „Грижата за почиста средина ја чува нашата иднина”.

Во неколку УЗ-и беше евидентна масовноста и организираноста за разлика од други а притоа Локалната Самоуправа се покажа како одличен организатор и мотиватор. Акцијата и покрај декларативната заложба практично не ја подржаа самите граѓани. Иако беше организирана за нивна почиста животна средина, тие покажаа најмала иницијатива.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер