Дома Настани Пуштен во употреба нов бунар во село Селце
Пуштен во употреба нов бунар во село Селце
Четврток, 01 Јули 2010 15:07

Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-1Жителите на село Селце добија нов бунар за вода за пиење. Со веќе постоечкиот и со новиот кој е денес беше пуштен во функција, проблемот со водата за пиење во ова село е решен.

Станува збор за инвестиција од околу 10.000 евра кои се издвоени од Министерството за транспорт и врски преку проект на одделението за ЛЕР при локалната самоуправа, додека проектната документација и изведувањето на теренските работи е на ЈП „Исар“.

Во изминатиот период, жителите на Селце имаа Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-2проблем околу обезбедување на континуирана вода за пиење но и за потребите на стоката која ја чуваат. За да се обезбедат доволно количини на вода беше извршено дупчење при што по природен пат се обезбедени околу 4 литри вода во секунда од новиот бунар. Длабочината на бунарот е околу 50 метри од кои Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-3само водениот столб е 38 метри. Со двата бунара околу 250 жители на Селце сега имаат околу 6 литри вода во секунда што е доволно за нивните потреби како и за чување на околу 1000 грла добиток.

Жителите на Селе ги посети градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој изјави дека водата е основата за живот и дека без неа тешко може да се преживее, напоменувајќи дека со оваа инвестиција жителите на село Селце ќе немаат повеќе проблеми со водата за пиење.

Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-4Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-5Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-6Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-7Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-8Selce-pustanje_nov_bunar-01072010-9

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер