| Промовирана брошурата „25 години ШКЛ“ |
| Петок, 02 Јули 2010 16:30 | |||
|
Автор на брошурата е Кирил Панајотов и во неа се забележани фотографии и интересни моменти од изминатите изданија на Штипско културно лето додека со свои прилози во брошурата се јавуваат некои од клучните лица кои придонеле ШКЛ да го достигне статусот на врвна културна манифестација на Штип. Свои осврти на тема ШКЛ во брошурата имаат Горѓи Устапетров, Трајче Кацаров, Зоран Читкушев, Кирил Панајотов, Војо Маневски и други. На прес конференцијата говореа Војо Маневски и Кирил Панајотов Брошурата денес беше претставена и пред пошироката макеоднска јавност при ТВ промоцијата во рамките на утринската програма на телевизија Алфа во Скопје. ШКЛ се отвора вечер (2 јули) со почеток во 21 часот, со театарската претстава „Баханалии„ на Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска а во изведба на народниот театар од Велес.
|