Дома Настани ФК „Брегалница“ стартуваше со пораз
ФК „Брегалница“ стартуваше со пораз
Вторник, 03 Август 2010 12:15

fk_bregalnica_2008_resizeШтипска „Брегалница“ на гости го имаше огненотот крштевање во првата фудбалска лига со екипата на „Напредок“. Отворањето на новиот фудбалски шампионат почна со пораз за штипските сини, но утеха е минималниот пораз од само 1:0. И тоа неколку минути пред финишот на натпреварот.

Ваквиот развој на настаните не треба да изненадува со оглед на фактот што за ФК „Брегалница“, првата лига од која отсуствуваше повеќе години е голем предизвик, но според спортските стручњаци и голем залак. Затоа можеби и евентуалната победа ќе имаше многу поинакво значење и голема психолошка предност за штипските фудбалери.

Се ќе зависи од средбата во второто коло. Веќе на 7 август „Брегалница“ ја пречекува „Шкендија“ - стар познаник од втората лига од минатото првенство кога долги месеци ги држеа двете водечки позиции. Познат е квалитетот на „Шкендија“ посебно по новите засилувања, така што е сосема јасно дека оваа средба ќе биде уште покрупен предизвик за штипските сини. Поразот ќе значи се уште статус кво ситуација на бодовната листа, додека половина од екипите веќе ќе ја формираат табелата со евентуално 6 бода разлика. Нерешениот резултат може да ги охрабри фудбалерите на Брегалница додека победа над „Шкендија“ на домашен терен, во присуство на навивачите на „Фалангата“ ќе ја смести Брегалница повисоко од 10-тото место.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер