Дома Настани Чествување на Општина Штип по повод 2-ри август
Чествување на Општина Штип по повод 2-ри август
Вторник, 03 Август 2010 12:23

2-avgust-2010-cestvuvanje_resizeПо повод одбележувањето на Денот на Републиката, 2 август, Општина Штип организираше одбележување на националниот празник „Илинден“.
Прво беше посетен споменикот на Револуцијата „Исар“ при што беше положено свежо цвеќе а пред спомен-релјефот на Гоце Делчев во Ново Село говореше советникот во Општина Штип, Ванчо Санев.

Тој пред присутните изјави дека националниот празник на Република Македонија не обврзува сите да ја чуваме слободата и независноста на државата, исто како што за неа се бореле со векови многу македонски херои.

Свежо цвеќе беше положено и пред спомениците на загинатите борци во село Драгоево и  Долани.

По повод одбележувањето на 2 август, Локалната самоуправа организираше бесплатен превоз за релацијата Штип – Крушево - Штип. На централната манифестација по повод националниот празник Илинден присуствуваа и многу штипјани кои допатуваа со над 20-тина автобуси. По враќањето поголемиот дел изразија задоволство од организацијата и од начинот на кој беше одбележан денот на републиката.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер