|
Петок, 06 Август 2010 10:01 |
|
Вчера во просториите на БК „Балканец“ во противпожарниот дом се одржа комеморативна седница во знак на сеќавање на борачот Марјан Наумов кој загина во трагичната сообраќајна несреќа која се случи завчера. Наумов долги години беше дел од првотимците на БК „Балканец“ со голем број на трофеи на домашни и меѓународни натпреварувања.
- Загубивме голем спортист, кој го задолжи македонскиот спорт, посебно борењето со медалите од европските и балкански првенства, загубивме човек за пример – напомена пред присутниуте на комеморацијатаТрајче Димков, претседател на БК Балканец.
Неговите колеги од клубот го посочуваат како голем другар, идол за многу млади борачи кои му пристапија на БК Балканец и пред се човек со големо срце.
- Дводневната жалост е она што најмалку можеме да го сториме во овие моменти. Ова е најголема трагедија во последните три децении која му се случила на Штип, 4 млади животи да бидат загубени во еден ден - изјави градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов по комеморацијата.
|