| Одржана прес конференција по завршетокот на ШКЛ 2010 |
| Петок, 06 Август 2010 12:45 | |||
|
Кирил Панајотов, одговорен за културни дејности во Општина Штип изрази задоволство од реализирањето на програмата, бидејќи како што кажа, од 42 предвидени програмски содржини, не се реализирала само една. - Статистички гледано на годинашново ШКЛ беа реализирани 14 театарски претстави од кои 5 беа детски, имаше 9 ликовни изложби, 17 музички перформанси и една книжевна програма. Се отпечати и илустрирана брошура „25 години ШКЛ“ во која се поместени информации за 25 годишното постоење на овој фестивал и која ќе остане траен документ за активностите во врска со манифестацијата - изјави Панајотов. Иако Штип во првата половина на годинашново културно лето пулсираше и со натпреварите од светското фудбалско првенство, кое беше своевидна конкуренција за културните настани, се покажа дека интересот за ШКЛ беше голем. - Лично како граѓанин сум презадоволен од изборот - Концепциски успешно се реализираа три новитети: продолжен период на одржување, воведување на Денови на култура за деца и Денови на национална култура (хрватска култура). Посебно ме радува што неделата на детето се покажа како успешен погодок, за што ќе вложиме напори да опстои и во наредните години - изјави Панајотов. Тој додаде дека годинашново ШКЛ ќе биде заокружено со усвојувањето на финансискиот извештај од страна на Советот на Општината. Годинава беа предвидени околу 800.000 денари, но тој вели дека сумата нема да биде пречекорена, туку напротив ќе биде и помала. Воедно се работите и на прибирање на статистички податоци за севкупната посетеност на сите настани. На тој начин ќе се знае и колку точно штипјани ги следеле одржаните поединечни настани. „Штипско културно лето“ се одржа од од 22 јуни до 4 август 2010 година. Официјалното отворање беше на 2 јули со театарската претстава „Баханалии“ на Велешкиот театар.
|