| ФК Брегалница – Шкендија 2:1 |
| Понеделник, 09 Август 2010 09:52 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во вториот натпревар од новиот шампионат во првата Македонска фудбалска лига ФК Брегалница на домашен терен ја порази екипата на Шкендија со 2:1. Стрелец на двата гола беше Влатко Новаков. Со тоа штипските сини стигнаа до првите три бода по поразот од Напредок во првото коло. Во моментов имаат 3 бода. Саботниот меч кој се одигра на градскиот стадион во Штип беше мошне важен за штипските сини бидејќи следните две средби Брегалница ги игра во гости, прво со екипата на Тетекс а потоа со Пелистер. Дури во петтата средба Брегалница пак ќе игра на домашен терен кога на 28 август ја пречекува екипата на Работнички. Денес ќе се одиграат уште два натпревара од второто коло. Пелистер му гостува на Тетекс, а Работнички го пречекува Напредок. Ова е изгледот на табелата по одиграните натпревари за време на викендот, без денешните два натпревара:
|