Дома Настани Одржана работна средба за креирање на Локална млaдинска стратегија
Одржана работна средба за креирање на Локална млaдинска стратегија
Четврток, 12 Август 2010 13:37

lokalna_mladinska_strategija-12082010-1По повод 12-ти Август, Светскиот ден на младитe, денес во малата сала на општина Штип се одржa првата работна средба за креирање на Локална младинска стратегија.

За време на средбата, присутните на кратко беа запознаени со досегашните спроведени процеси во обидот за креирање на Локална стратегија за млади. Учесниците имаа можност да утврдат цели и активности според приоритети кои се во согласност со Националната стратегија за млади со цел lokalna_mladinska_strategija-12082010-2подобрување на состојбата на младите во Општина Штип.

Инаку Светскиот ден на младите се одбележува и со низа други активности спроведени од Младинската организација ВОДА плус. Програмата вклучуваше претпладневна прошетка под мото „Нема иднина во виртуелниот свет, да одиме во природа„ а потоа во 11:00 часот се одржа брифинг пред зградата на општина Штип.

lokalna_mladinska_strategija-12082010-3Во попладневниот дел беше предвидено советување и доверливо тестирање на младите за ХИВ сида а одбележувањето на светскиот ден на младите финишира со музички хепенинг во вечерните часови во месноста Суитлак. На подиумот на К’ртеке ќе настапат млади артисти и таленти.

(12-ти Август е прогласен за ден на младите на 17 декември 1999 од страна на Обединетите нации со резолуцијата 54/120 а масовно низ светот се одбележува од 2000-та година. На десетгодишниот јубилеј, ОН ја прогласија годината од август 2010 до август 2011 за година на младите.)

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер