| Потенцијални инвеститори од Бугарија разговараа со Градоначалникот Алексов |
| Четврток, 19 Август 2010 09:25 | |||
|
Разговарано е за можноста за инвестирање во општината а една од темите се однесува и на можна изградба на инсталација за прочистување на отпадни води како и за подобрување на инфраструктурата за водоснабдување на Град Штип. Христо Савев, претставникот на заинтересираната бугарска фирма соопшти дека тие имаат искуство во оваа област а со оглед на чешкиот инвестициски фонд кој стои зад нив, со дополнителна експертиза од чешки експерти може да се овозможи реализација на повеќе проекти. Конструкцијата на пречистителната станица е само еден сегмент, бидејќи тие имаат искуство и со креирање на брани. Како што е познато, една од замислите на Источниот-плански регион се однесува и на создавање на 15-тина брани по текот на Брегалница од кои 5 се во штипско. Општина Штип е подготвени целосно да соработува во подготовката на пресметувањето на буџетот за идните инвестиции, како и да ги обезбеди сите неопходни форми на документација како потенцијален идеен инвеститор и партнер. Беше потпишано писмо за намери кое дава основа за продолжување на понатамошните разговори во врска со идните проекти.
|