| Заврши првиот уписен рок на Универзитетите во Македонија - На УГД пријавени околу 2400 бруцоши |
| Четврток, 19 Август 2010 09:30 | |||
|
* * * На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има 5.823 слободни места за запишување на студенти во прв циклус на студиските програми во учебната 2010/2011 година. Според информациите од портпаролот на УГД, Кирил Барбареев во текот на двата дена се пријавиле 2350 бруцоши. Прелиминарните резултати ќе бидат познати веќе во четврток, а официјалните на 26 август. Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 30 и 31 август Кандидатите од сите средни училишта во Македонија имаа можност да конкурираат за запишување на еден од 13-те факултети и повеќе од 90 студиски програми при Универзитетот „Гоце Делчев“. Вториот уписен рок е на 2 и 3 септември а третиот (последниот) на 16 септември.
По првиот уписен рок, на веб сајтот на УГД веќе се подготвува и електронска база на податоци за новите бруцоши.
Повеќе информации на: www.ugd.edu.mk
|