| Идната недела почнуваат отворените фудбалски школи |
| Петок, 20 Август 2010 13:20 | |||
|
Предвидено е вежбите од отворените фудбалски школи да се случуваат на градскиот стадион со почеток во 17:00 часот, а во време кога фудбалерите на ФК Брегалница ќе го користат теренот во овој термин за тренинзи, тогаш отворените фудбалски школи ќе работат од 9:00 часот претпладне. Според планот, градскиот стадион ќе биде поделен на 12 станици (делови) при што секоја од групите деца ќе работи 15 минути во секоја од станиците (деловите). Минатата година настанот беше наменет за децата од Штип и Виница, додека годинава во отворените фудбалски школи ќе партиципираат само деца од Штип. Целта на проектот е децата да бидат анимирани кон спортски активности и истите да се дружат а меѓу другото и да се запознаат со фудбалот кој се смета за еден од најпривлечните спортови во светот.
|