Дома Настани Етно Плоштад Фестивал 2010 - Фреквенција на култура и традиција
Етно Плоштад Фестивал 2010 - Фреквенција на култура и традиција
Вторник, 24 Август 2010 09:07

etno_plostad_festival_2010_Berovo-24082010Во пресрет на големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“ познат и како Голема Богородица, Општина Берово се подготвува за второто издание на Етно Плоштад Фестивалот, кој ќе се одржи на 26, 27 и 28 Август 2010 година на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово.

Овогодинешното издание на фестивалот според организаторот ќе биде на доста високо ниво, со преку 200 учесници од Соединетите Американски Држави, Бразил, Словенија – групата Џенбабе, Полска, Романија, Франција, Бугарија и  Србија кои на сцената во Берово ќе ја пренесат својата култура и традиција, како и учесници од Македонија меѓу кои и една од најдобрите етно групи „Монистра“ која има доста интернационални настапи.

Богатството на култури и традиции, случувања и настани го вбројуваат Етно Плоштад Фестивалот помеѓу најдобрите фестивали кои се организираат во Македонија и пошироко во регионот, што допринесува до издигнување на Берово на културно како и на туристичко ниво.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер