| Потпишан меморандум за соработка со здружението на пензионери |
| Петок, 27 Август 2010 12:01 | |||
|
Со меморандумот се отвораат можности за соработка со пензионерското здружение во многу проекти меѓу кои за нив најважниот, изградба на дом за стари лица. - Се надевам дека со ова ќе тргнат конкретно работите Тим на Општина Штип од Одделението за локален економски развој изминатите месеци активно работеше на прибирање на податоци кои се однесуваат на домот за старци. - Со заложба на градоначалникот, по многу средби дојдовме и до овој момент. Потпишувањето на меморандумот е важно за нас бидејќи означува своевиден старт на проектот за дом за стари лица, кој за нас пензионерите е моѓне важен-изјави Михаил Кралев, претседател на здружението на пензионери на Штип. За потребите на проектот беше спроведена регионална анкета а добиените резултати за интересот за домот за стари лица ќе послужат при утврдувањето на капацитетите на објектот.
|