| Прес конференција за новиот еколошки проект на Општина Штип |
| Четврток, 02 Септември 2010 12:52 | |||
|
-Ќе се обидеме децата од предучилишна возраст да ги мотивираме преку цртежи и на практичен начин да добијат сознанија за значењето на садовите за отпад, со наша и со помош на воспитувачките да научат кој вид отпад (стакло, хартија, пластика) во кој сад треба да се фрла - додава Везенков. Откако ќе се заврши со едукацијата во градинките, предвидено е да започне едукација за учениците во основните училишта. Учениците ќе бидат поделени во две целни групи – прва група од I до IV одделение и II група од V до VIII одделение. Потоа, предвидени се циклус на радио и телевизиски емисии со кои и целокупната јавност ќе се запонае со активностите во целиот процес. Обуките во детските градинки и училиштата ќе се одвиваат во периодот до крајот на декември годинава, а со почетокот на наредната 2011 година ќе се елаборираат ефектите од едукативните работилници и поставувањето на садовите за селектирање на отпадот.
|