Дома Настани 19-то мото рели „Македонија-Независност 2010“ денес во Штип
19-то мото рели „Македонија-Независност 2010“ денес во Штип
Петок, 03 Септември 2010 14:35

moto_reli_stip_03092010_1_resizeМотоциклистичката федерација на Македонија во соработка со Сојузот на спортови од 3 до 5 септември го организира меѓународното мото рели „Македонија-Независност 2010“ кое традиционално 19 години се одржува по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија.

moto_reli_stip_03092010_2_resizeМотоциклистичката колона денес патуваше низ 8 општини а во Штип помина во 14 часот. Моторциклистите привремено се одморија на градскиот плоштад.

Учесниците мотоциклисти беа пречекани од граѓаните и претставници на локалната самоуправа. Пред учесниците во име на домаќинот, Општина Штип се обрати Димитар Џонов, советник и претседател на Комисијата за спорт.

-Сакам да и честитам на Мотоциклистиmoto_reli_stip_03092010_3_resizeчката федерација на Македонија за истрајноста и доследноста да го одржат ова мото-рели полни 19 години, бидејќи ваквите манифестации се особено важни за афримација на нашата земја, на нашиот град, особено ако се знае дека на нив присуствуваат не само луѓе од внатрешноста туку и од соседни земји-изјави Џонов.

 

За време на краткиот престој во Штип, учесниците беа почестени со ладни сендвичи и освежување по што го продолжија својот пат кон општина Радовиш. Мото-релито ќе заврши на 5-ти септември (недела) со рутата Охрид-Кичево-Скопје.

moto_reli_stip_03092010_5_resizeСтанува збор за манифестација која е меѓу првите организирана во чест на независноста на Македонија и која единствено во континуитет се организира без прекин во Македонија полни 19 години. На мото-рели турата учествуваат голем број на мотоциклисти не само од Македонија туку и од соседните земји. Минатата година имаше гости од Германија,Холандија,Бугарија, Србија и други држави. Релито го обезбедува сообраќајна екипа на МВР.

moto_reli_stip_03092010_4_resizemoto_reli_stip_03092010_6_resizemoto_reli_stip_03092010_7_resizemoto_reli_stip_03092010_8_resizemoto_reli_stip_03092010_9_resizemoto_reli_stip_03092010_10_resize

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер