|
Понеделник, 13 Септември 2010 13:00 |
|
Претставниците за односи со јавност на Општина Штип ги завршија средбите со претставниците на општините од југоисточниот плански регион во врска со издавање на дневен електронски билтени.
Претставниците на локалните самоуправа од Штип во петокот се состанаа со претставници на послендите 4 општини: Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран.
Резултатот од сите средби е идентичен: општините сакаат да научат како поуспешно да контактираат со новинарите и заеднички да создаваат услови за информирање на граѓаните за нивната работа. Впрочем, средбата со претставникот на Општина Пробиштип - Ирена Серафимова (шеф на кабинет на градоначалникот) резултираше со креирање на нивниот е-билтен кој беше испратен до новинарите.
При крајот на септември планирано е да се одржат две работилници на оваа тема. Едната во Штип за општините од истокот и една во Струмица во соработка со Центарот за развој на југоисточниот регион, за општините од оваа група.
Краткорочна цел е сите општини да почнат да издаваат свој билтен кој ќе им ја олесни работата на новинарите и ќе го зголеми протокот на информации а долгорочно во текот на идната година планирано е формирање на „регионален е-билтен“ кој ќе биде координиран од еден центар.
Проектот е подржан од ГТЗ Редем.
|