|
Четврток, 16 Септември 2010 14:01 |
|
Вчера на градскиот стадион во Штип, ФК Брегалница 2008 ја пречека екипата на битолски Пелистер. Во овој осмина-финален натпревар од Купот на Македонија, судиите јасно ја покажаа сета своја „омраза“ кон штипските сини.
Недосудени чисти пенал ситуации, спорни фаул прекини за гостите па дури и на моменти боречко-карате зафати на главниот судија кој како да беше дојден со намера да се тепа или намерно да предизвика напад врз него за да ја оцрни Брегалница.
Очигледно е дека ФК Брегалница не е миленик во ФФМ. Ќе бевме задоволни ако барем судеа чесно но огромниот револт на публиката јасно говори за состојбата на теренот: судијата дојде да подели „неправда“ а не да влијае на фер играта и џентлменски победа или пораз.
Не е ниту чудо што посилна лига од Првата Македонска фудбалска имаат и Џибути или Сомалија. Тргнете од националната селекција која не може да совлада екипи од типот на Арменија, Азербејџан или не дај боже Сан Марино. За квалитетот на првата фудбалска лига, не вреди ниту да се трошат зборови. Друштвото на Хари уште сега знае кој ќе биде шампион и дали Брегалница без оглед на пожртвуваноста и фер-плејот ќе остане во првата лига. Кога Хари прави план, тоа е исто како онаа народната: кадија те тужи-кадија те суди. Во случајов, судиите го спроведуваат „црното“ сценарио на ФФМ.
|