|
Петок, 17 Септември 2010 14:46 |
|
По повод одбележувањето на „Денот на Единицата-17-ти Септември“ беше изразена почит кон загинатите борци и бранители за слобода и самостојност на Република Македонија со полагање на букети свежи цвеќиња.
Пред споменикот на загинатите припадници на АРМ во конфликтот од 2001 година, делегации полочија букети цвеќе. Пред споменикот на Кирчо Димитровски, Димитар Двојаковски и Влатко Петров цвеќе положи делегација на АРМ, од Сојузот на борците, од Локалната самоуправа и членови на нивните потесни семејства.
На 4 март 2001 година капетанот Кирчо Димитровски (33) загина во реонот на село Танушевци. Беше оженет и зад себе остави два сина. На 3 мај 2001 год. околу 5:40 часот припадници на АРМ во село Ваксинце, Кумановско, влегоа во заседа од група терористи. Во престрелката смртно беа ранети двајца војници. Загинаа Димитар Двојаковски (29), војник по договор, оженет и татко на еден син и Влатко Петров (24), војник по договор од село Чардаклија, Штипско.
   
|