| Обраќање на Градоначалникот на Штип на јавна трибина во Скопје |
| Понеделник, 20 Септември 2010 10:34 | |||
|
На трибината се дискутира[eа новата мерка за утврдување на почетната цена на јавните наддавање за продажба на градежно неизградено земјиште на кое според деталните урбанистички планови е предвидена изградба на објекти за индустрија и стопанство и за хотели по цена од 1 евро за метар квадратен на територијата на целата држава. Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов имаше свое обраќање во кое ги потенцираше позитивните аспекти кои општините ќе ги имаат со воведувањето на оваа мерка за привлекување на инвестиции. Вакви локации со земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти има во општина Ѓорче Петров, во индустриската зона Жабени во Битола, како и во Валандово а најавено е дека во соработка со општините и останатите надлежни институции штом ќе бидат создадени можности сите останати локации со таква намена ќе бидат ставени на продажба преку јавно наддавање. Трибината беше во организација на Министерството за транспорт и врски.
|