Дома Настани Прва прес конференција за фестивалот на музика “Макфест 2010“
Прва прес конференција за фестивалот на музика “Макфест 2010“
Среда, 22 Септември 2010 08:57

pres-Makfest-21092010-1Вчера на пладне во конгресниот центар на спортската сала „Борис Траковски“ во Скопје се одржа првата прес конференција по повод одржувањето на јубилејното 25-то издание на фестивалот на музика „Макфест“.

На прес конференцијата беа соопштени детали во врска со одржување на фестивалот кој ќе се одржи според востановениот датум, 7,8 и 9 октомври 2010 година.

На прес конференцијата говореаpres-Makfest-21092010-2 Трајче Јованов (Директор на фестивалот), Кристијан Габроски (Уметнички директор) и Снежана Санева која се обрати во име на Општина Штип и градоначалникот д-р Зоран Алексов.

-Општина Штип останува Генерален покровител на фестивалот и како и минатата година кога не дозволи да згасне и оваа година ќе се потруди да го одржи на ниво кое што фестивалот го заслужува - изјави Санева во име на Градоначалникот Алексов.

pres-Makfest-21092010-3На прес конференцијата беше извршено и жребувањето за настапот на учесниците на првата и втората полуфинална вечер. Според презентираното, во шоу програмата ќе настапи Кемал Монтено, кантавтор кој на два пати има настапувано на „Макфест“ а кој е познат по својата култна балада „Кој да ти каже Ивана“.

На „Макфест 2010“ ќе настапат 28 автори, поделени во две полуфинални вечери со по 14 композиции. Преносот на фестивалот најверојатно ќе го врши Телевизија Канал 5 со што се отвора можност за видео-иновации и нов начин на презентирање на фестивалот.

pres-Makfest-21092010-4pres-Makfest-21092010-5

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер