Дома Настани Одржана 22-рата седница на Советот на Општина Штип
Одржана 22-рата седница на Советот на Општина Штип
Четврток, 30 Септември 2010 12:27

Sovet-22_sednica-29092010-1Вчера се одржа 22-та седница на Советот на Општина Штип на чиј дневен ред беа 19 точки. Усвоена е нацрт-одлуката за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел до населба „Јужен реон 1“ дел од УЕ 9 (1,2ха) Општина Штип и нацрт-одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план за дел до населба „Јужен реон 2“ дел од УЕ 5-Штип опфат 0,868ха (2009-2014) Општина Штип.

Советниците ја усвоија и предлог-одлуката заSovet-22_sednica-29092010-2 измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2010 година со предлог-одлука за измена и дополнување на ДУП за град Штип со локална урбанистичка планска документација како и предлог-одлуката за измена и дополнување на ДУП на град Штип и населените места во Општина Штип со локална урбанистичка планска документација.

Беше усвоена и предлог-одлуката за давање на користење на салите во Општина Штип, постапка што до сега не беше регулирана. Советот исто така одлучи да ја прифати предлог-одлуката за финансирање на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“-Штип.

Прифатена е и предлог-одлуката за одобрување на финансиски средства за учество во Програмата на грантови за техничка помош за МОС објавен од програма на УНДП „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“ како и предлог-одлуката за доделување финансиски средства на фудбалски клуб „Мал ајакс“.

Во неколку точки, беа прифатени годишните извештаи за работата на основните училишта во Штип, како и годишната програма за работа на основните училишта „Димитар Влахов“, „Тошо Арсов“, „Ванчо Прќе“ и „Гоце Делечев“.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер