| ФК Брегалница – Хоризонт Турново = 1:0 |
| Понеделник, 04 Октомври 2010 14:45 | |||
|
Иако многумина однапред ги отпишаа штипјани, со оглед на фактот што минатото коло Хоризонт Турново беше лидер на табелата, се случи сосема спротивното. Брегалница со еден но мошне важен гол стигна до нови 3 значајни бода. Во моментов ФК Брегалница е на 10-то место со 7 бода, на претпоследната позиција е Пелистер со 5 а последен е Вардар со само 3 бода. Ова се преостанатите резултати од одиграното 9-то коло: Напредок-Пелистер 3:1 Тетекс-Вардар 3:2 Работнички-Ренова 1:1 Металург-Силекс 1:2 Шкендија-Скопје 1:0
Идното 10-то коло се игра на 16 октомври при што Брегалница му гостува на Вардар. Со оглед на слабата сезона која ја прикажува скопски Вардар, ова е одлична можност за фудбалерите на Брегалница да остварат нова победа.
|