| Седница на Комисија за Култура |
| Петок, 08 Октомври 2010 09:27 | |||
|
Прифатено е барањето од Младинската организација ВОДА плус - Штип за финансиска поддршка за изнајмување на озвучување за музичкиот хепенинг по повод Светскиот ден на младите а не е прифатено барањето од Фондацијата-Меморијален центар Никола Кљусев - Скопје за поддршка на активностите на фондацијата. Причина е што станува збор за фондација која е од Скопје а не од Штип. Комисијата го прифати барањето од Друштво на ликовни уметници на Штип за финансиски средства за организирање на 43-тата традиционална изложба. Исто така прифатено е барањето од пчеларско друштво „Нектар“ - Штип за финансиска помош за петтиот фестивал на медот „Апи-фест“ Штип 2010 година. На крајот Комисијата го прифати барањето од Шаклева Виолетa за финансиски средства за издавање на книгата „Мојот животен крик“ од Марија Шаклева.
|